Истражување на Кембриџ: Климатските промени можеби одиграа важна улога во пандемијата

Климатските промени можеби одиграа клучна улога во пренесувањето на коронавирусот на луѓето така што принудиле одредени видови лилјаци на поблизок контакт со нив, покажува новата британска студија. Вирусот кој уби повеќе од два милиони луѓе и предизвика глобално затворање веројатно потекнува од лилјаци во југоисточна Азија.

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Истражувачите од универзитетот Кембриџ во своето истражување користеле податоци за температурата, количината врнежи и промените на вегетацијата во изминатите сто години за да го моделираат движењето на популациите на неколку десетици видови лилјаци врз основа на условите што им се потребни за живот.

Откриле дека во минатиот век околу четириесетина видови лилјаци мигрирале во јужна Кина, Лаос и Мјанмар, области каде што, според резултатите од генетската анализа, се појавил вирусот САРС-КоВ-2. Бидејќи секој вид лилјак просечно носи 2,7 коронавируси, научниците велат дека околу стотина видови коронавируси се сега концентрирани во таа „хотспот“ зона.

„Со оглед дека климата ги сменила живеалиштата на лилјаците, некои видови ги напуштиле едни области и мигрирале во други, носејќи ги своите вируси со себе“, рече водечкиот автор на студијата Роберт Мејер, зоолог од Кембриџ.

„Ова веројатно доведе до нови интеракции помеѓу животните и вирусите и придонесе за развој и пренесување на поштетни вируси. Ние не тврдиме дека не би имало пандемија без климатските промени, но, без сомнение, овие миграции на лилјаците поттикнати од климата не ѝ одмогнале на пандемијата“, рече Мејер.

Иако точниот ланец на пренос на вирусот САРС-КоВ-2 од животни на луѓе допрва треба да се утврди, Мејер забележува дека климатските промени и уништувањето на живеалиштата во Азија довеле до уште поблизок контакт со луѓето.

„Ова се две страни на една паричка. Ние продираме подлабоко во нивните живеалишта, а во исто време климатските промени туркаат патогени во наш правец“, рече тој.

Во студијата објавена во списанието „Сајанс оф тотал енвајормент“, владите се повикуваат да ја ограничат урбаната експанзија и проширување на земјоделството бидејќи тоа би го намалило ризикот од друга пандемија на болест која е ендемична кај дивите животни.

„Фактот дека климатските промени можат да ја забрзаат трансмисијата на патогени од животните во дивината на луѓето треба да претставува итен повик за будење да се намалат глобалните штетни емисии“, рече Камило Мори од Универзитетот Хаваи кој учествуваше во студијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе