Колку часа неделно работат Европејците

Истражување на Еуростат: на Балканот најмногу работат Црногорците

Просечната работна недела во Европската Унија трае 40,2 часа. Според најновите податоци достапни од Еуростат од 2017 година, мажите низ Европа работат во просек 41 час неделно, додека жените работат 39,3 часа неделно.

Вработените во секторот рударство и каменоломство работат најдолго - во просек 42 часа, додека најкратката работна недела е во образованието - 38,1 часа.

Во рамките на ЕУ најдолгата работна недела е во Обединетото Кралство - 42,1 часа. Следуваат Швајцарија (41,8), Кипар (41,6), Австрија (41,3), Грција и Португалија (41 час). A најмалата работна недела е во Данска, која е единствената земја со помалку од 38 часа неделно - 37,8 часа.

Од земјите што не се членки на ЕУ а беа опфатени со истражувањето, најдолгата работна недела е во Турција - 49,1 часа, а по неа е Исланд  со 44.

Истражувањето на Еуростат опфаќа и четири земји од Западен Балкан. Работната недела е најкратка во Хрватска - 40,4 часа, по неа следува Словенија - 40,9 часа. Во Македонија просекот е 42,3 часа неделно, а најмногу работат - во Црна Гора, 43,6 часа неделно.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе