Истражување: Германците не сакаат азиланти

Според резултатите на анкетата која ја објави весникот Велт ам зонтаг, повеќето граѓани на Германија ја поддржуваат построгата политика на ЕУ кога станува збор за доделување азил.

EPA-EFE

Германците, исто така, сака да биде спречен незаконскиот влез на барателите на азил на територијата на ЕУ.

Како што наведува весникот, 59 отсто од анкетираните се изјасниле во корист на измените на заедничкиот систем на ЕУ за доделување азил со кои во иднина барателите на азил би биле спречени на територијата на ЕУ да влегуваат нелегално, а наместо тоа ранливиот дел на таа популација би бил доведуван директно од бегалските кампови во кризните региони, пренесува Политико.

На таквото сценарио се спротивставиле 30 отсто од анкетираните, додека 11 биле неодлучни.

Во ЕУ засега нема поширок консензус за заедничка емиграциска политика, наведува бриселскиот портал, истакнувајќи дека, од сите земји на ЕУ, Германија примила најголем број баратели на азил од бегалските кампови во Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе