Истрагата откри пропусти на германската полиција: Терористот Амри требало да го уапсат со месеци пред нападот

Германската полиција пропуштила неколку можности да го уапси напаѓачот во Берлин пред да убие 12 луѓе на новогодишниот саем.

Се појавија и информации дека полицијата се обидела да ги прикрие овие пропусти, пишува Индепендент.

Уби 12 луѓе на новогодишниот саем

За потсетување, Анис Амри уби 12 лица на новогодишниот саем, кога со камион се залета во толпа луѓе. По нападот четири дена им бегаше на властите пред да биде уапсен.

Германските власти тогаш брзо ја префрлија вината на властите на Тунис обвинувајќи ги дека ја забавувале депортацијата на Амри, но од тогаш е откриено како германската полиција имала повеќе можности да го уапси терористот.

Министерот за внатрешни работи, Андреас Геисел, во Берлин изјави дека според најновите податоци видливо е дека Амри бил познат на полицијата по повеќе прекршоци поврзани со дилање на дрога.

„Оваа информација би била доволна за обвинителството да издаде налог за негово апсење“, рече министерот. Дополнително објаснувајќи дека со тоа апсење би можел да се спречи нападот.

Податоците биле достапни со недели

Овие податоци и биле достапни на полицијата седум недели пред нападот што го изврши Амри. Властите сега истражуваат дали имало прикривање на информации со што би можело да се увиди дали полициската служба потфрлила.

Владата поднесе кривична пријава против непознат сторител осомничен за опструкција на правдата.

„Тоа им го должиме на жртвите, роднините и на преживеаните“, рече Геисел во берлинскиот парламент.

„Не можеме ништо да сокриеме. Ако беше слабост, мора да ја откриеме“, вели тој.

Германските медиуми открија како властите имале неколку шанси да го уапсат Амри, кој успеал да се извлече преку дупките во структурата на федералната полиција, пишува Индепендент.

Означен уште во февруари 2016

Амри е означен како потенцијален терорист во февруари 2016 година, пишува Дие Зеит. Тогаш бил член на групата салафисти формирана од Абу Вала, но тогаш полицијата заклучила дека нема непосредна опасност.

На денот после средбата Амри бил уапсен во Берлин, а полицијата тогаш му го запленила мобилниот телефон. Проверката на телефонот покажала како комуницирал со борците на ИСИС преку заштитена апликација.

Во март 2016 година, обвинителите во Берлин започнале уште една истрага за Амри и тогаш ги откриле неговите активности поврзани со препродавање на дрога. Најнасилниот инцидент се случил следниот месец, кога Амри во коктел бар во Берлин удрил еден човек, додека негов соработник прободел друг човек со нож.

Така германските власти, освен на насилство, пропуштиле да реагираат и на се поголемите докази за неговата радикализација, бидејќи Амри често бил во друштво на милитантите на ИСИС, вклучувајќи ги напаѓачите од Брисел и Париз.

Мароканците ги предупредиле неколку пати

Според Индепендент, инспекторите ги игнорирале и предупредувањата на мароканските разузнавачки служби кои четири пати ги контактирале и предупредувале на врските на Амри со џихадистите и плановите за напад. Дури го именувале и неговиот цимер и им го дале неговиот мобилен број во октомври.

Инспекторите откриле дека тој месец Амри положил заклетва на верност на ИСИС, бидејќи во исто време се оттргнал од бизнисот со дрога и престанал да гледа порнографска колекција на мобилниот телефон. Сите овие знаци укажувале дека се подготвува за „мачеништво“.

И покрај сето ова, не бил уапсен, и во декември го застрелал возачот на камионот и удри во толпата луѓе на новогодишниот пазар и на тој начин го изврши најкрвавиот напад на ИСИС во Германија.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе