Истрага утврдила: Владата на Малта одговорна за убиството на новинарката

Владата на Малта е одговорна за убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, гласи резултатот од јавната истрага за таа ликвидација.

Фото: ЕПА

Во извештајот, кој денеска беше објавен, согласно законот, од самата Влада, се наведува дека државата не го препознала ризикот по животот на новинарката и не презела мерки да го спречи убиството.

Новинарката која истражувала организиран криминал и корупција во таа островска држава, беше убиена на 16 октомври 2017 година, со минирање на нејзиниот автомобил.

Семејството на новинарката, критичарка на малтешката влада, побара независна јавна истрага, пишува Би-би-си врз основа на извештајот на малтешките медиуми.

Во последните две години, во рамки на истрагата се испитани десетици сведоци, вклучително и истражители, политичари и новинари.

Во извештајот на 437 страници се наведува дека државните органи „создале атмосфера на неказнивост, генерирано од ‘врвот’“ и дека е забележана „неоправдана блискост“ помеѓу големите компании и владата.

Винсент Мускат во февруари е осуден на 15 години затвор, како резултат на спогодба откако призна соучесништво во убиството што ја шокираше Европа. Покрај Мускат, уште две лица се обвинети за учество во убиството.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе