Историско слетување на Ф-35 на британски носач на авиони (ВИДЕО)

Една од целите на морнаричките вежби на Обединетото кралство „Вестлант 19“ било тестирање на способноста на новиот носач на авиони ХМС Квин Елизабет и ловците Ф-35 за извршување здружени задачи.

Иако историското слетување на Ф-35 на британскиот носач на авиони било проследено со мал инцидент.

Британското министерство за одбрана објави снимка од вежбата на интернет.

Потоа независната компанија Сејв д ројал нејви објави и што се случило по слетувањето.

Видеото ги прикажува моментите откако пилотот на Ф-35 излегол од борбениот авион. По ракувањето со неколку колеги, пилотот се сопнал и паднал на палубата.

Иако пилотот не е повреден, има шпекулации дека незгодата има висока цена. Напредниот шлем на пилотот – специјално дизајниран за Ф-35 – чини околу 325.000 долари.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе