Историски пресврт - во Саудиска Арабија почнаа да се продаваат божиќни украси

Божиќни елки и лампиони се продаваат во една продавница во Ријад, што се смета за знак на развој во ултраконзервативната Саудиска Арабија, која сè уште забранува какво било практикување вера кај немуслимани.

Фото: ЕПА

Украсите, кои многу ретко се продаваат на јавноста, се појавија во главниот град на Саудиска Арабија, каде што некои мерки постепено се ублажија откако престолонаследникот Мохамед бин Салман вети дека ќе промовира „отворен и умерен ислам“.

До пред само три години беше скоро невозможно во Саудиска Арабија отворено да се продаваат новогодишни украси со костими на Дедо Мраз.

Меѓутоа, властите ги намалија овластувањата на верскиот естаблишмент, кој е строго посветен на почитување на исламската традиција.

Со децении продажбата на божиќни подароци беше претежно „под тезга“, а христијаните на Филипините, Либан и други земји го славеа Божиќ зад затворени врати или во енклавите на емигрантите.

Но во новата ера, сопственик на продавница во Ријад по име Омар рече дека продавал и костуми за Ноќта на вештерките, празник што саудиските конзервативци го сметаат за американска традиција што отстапува од исламот.

Саудиска Арабија, која долго време беше обвинувана за ултраконзервативна вахабитска сунитска доктрина, полека се отвора кон другите религии.

Во земјата почнаа да доаѓаат личности поврзани со Ватикан и јудаизмот. Сепак, храмовите и црквите сè уште се забранети, а земјата е на американската црна листа на држави што не ги почитуваат верските слободи. Саудиска Арабија е на мета на критики од меѓународната заедница и во врска со човековите права.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе