Историски момент во Хрватска, поставен последниот сегмент на Пељешки мост (ВИДЕО)

Синоќа со кревање на последниот, 165 сегмент на челичната конструкција, Пељешкиот мост беше целосно споен од Комарна до Бријеста, што го означи долго очекуваното поврзување на копнените територии на Хрватска.

EPA-EFE

„Вечерва хрватската територија станува единствена. Пељешкиот мост ја поврзува Хрватска. Горди сме и благодарни на сите“, напиша хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Твитер.

Нешто по 20 часот почна кревањето и спојувањето на последниот сегмент на челичната конструкција тежок околу 220 тони, а само неколку минути по 23 часот работниците го почнаа заварувањето на тој сегмент на мостот.

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ на спојувањето на Пељешкиот мост кажа дека само граѓаните на крајниот југ на Хрватска знаат колку е ова големо од аспект на пружање на квалитет на животот.

„Мостот ќе донесе и поголем комфор, квалитет на патувањето и ќе го приближи Дубровник кон светот“, истакна тој и додаде: „Генерации жители на Дубровник го чекаа ова. Мојот дедо од 94 години ми кажа дека само сака да доживее едно минување преку мостот. Многумина го нарекуваа илузија за будали, ние верувавме“.

Најголем инфраструктурен проект финансиран од ЕУ фондовите

Мостот е најважниот геостратегиски проект во Република Хрватска, проект од национален интерес, со чија изградба конечно ќе се прекине територијалниот дисконтинуитет на Хрватска.

Проектот вклучуваше неколку фази, од кои најважната беше изградбата на Пељешки мост, кој самиот по себе е обемен. Бидејќи проектот беше голем и во него имаше многу пари, се знаеше дека ќе има проблеми.

Вкупната вредност на проектот се проценуваше на 420,3 милиони евра и вклучуваше изградба на мостот, пристапните патишта и обиколницата Стона.

Рокот на изградбата беше пет години за сите фази, кои се водеа и договараа паралелно, додека од вкупната проценета вредност на проектот од 420 милиони евра Европската Унија учествуваше со 330 милиони, или 78,5 отсто.

Главниот и одговорен проектант на Пељешки мост во Хрватска Марјан Пипенбахер кон крајот на 2017 година јавно го презентираше Пељешкиот мост кажувајќи: „Ова е моето животно дело“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе