„Опасно е да се биде таму“

Истекувањето од гасоводот Северен тек загадува како третина Данска

Истекувањето од гасоводот Северен тек кој пумпа огромни количества природен гас по дното на Балтичкото Море би можело да емитува загадување еднакво на третина од вкупната годишна емисија на штетни гасови во Данска, предупреди шефот на данската Агенција за енергетика Кристофер Боцау.

EPA-EFE

Боцау изјави дека истекувањето на гасот од гасоводот приближно достигнува 32 отсто од годишната данска емисија на јаглерод диоксид. Данската емисија на јаглерод диоксид во 2020 година се проценува на 45 милиони тони.

„Сè додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, кажа Боцау.

Не кажа кога ќе може да се нурне и да се види во каква состојба се цевките, за кои кажа дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и дека се обложени со бетон.

Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на 70 до 90 метри длабочина, од каде гасот избива на површината.

Сеизмолозите во вторникот кажаа дека во Балтичкото Море се регистрирани експлозии и дека потоа е откриено невообичаено истекување на двата крака на гасоводот.

Се сомнева во саботажа, а некои европски функционери и експерти за енергетика велат дека Русија веројатно е виновна бидејќи има директна корист од повисоките цени на енергијата и економската загриженост низ Европа. Русија ги отфрли тие тврдења како нелогични, бидејќи може кога сака да го сопре гасот низ гасоводот.

Истекувањето на едниот крак на Северен тек е во данската економска зона, додека другиот крак истекува во шведската зона.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе