Прекинато примирјето

Испукани ракети во Багдад во правец на Зелената зона каде што се наоѓа амбасадата на САД (ВИДЕО)

Ракети биле испукани вечерва во правец на силно обезбедената Зелена зона во Багдад каде што се наоѓа амбасадата на Соединетите Американски Држави, со што е прекинато примирјето од повеќе од еден месец кое го прогласија проиранските фракции во Ирак, кажа за Франс прес безбедносен извор од зоната во која се наоѓа амбасадата.

EPA-EFE

Американскиот противвоздушен одбранбен систем Ц-РАМ веднаш бил активиран, констатирале репортери на Франс прес во центарот на Багдад каде што се слушнале силни експлозии додека на небото над главниот град на Ирак светеле ракети.

Ирански функционери кажале дека најмалку две ракети удриле во Зелената зона, со што бил означен крај на неофицијалното примирје кое проиранските милиции го објавија во октомври, пренесува Асошиејтед прес.

Во Зелената зона во Багдад се наоѓа и седиштето на ирачката влада и бројни други амбасади освен американската.

Честите напади чија цел беше американската амбасада беа причина за Вашингтон да се закани со затворање на својата дипломатска мисија во Багдад и предизвикаа дипломатска криза пред американските избори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе