Против мобилизацијата

„Испратете го Путин во рововите!“ Масовни протести во 38 руски града, уапсени над 1.300 (ФОТО+ВИДЕО)

Русија е зафатена од бран масовни протести против мобилизацијата за војната во Украина што ја најави рускиот претседател Владимир Путин во средата. Луѓето излегоа на главните улици на своите градови и покрај ризикот да бидат уапсени. Конкретно, Обвинителството на Москва им се закани на потенцијалните демонстранти со затворски казни до 15 години за „неовластени јавни настани“.

Редовната полиција и полицајците за немири ОМОН на масовните протести што се одржаа на 21 септември во Москва, Санкт Петербург, Томск, Иркутск, Новосибирск, Екатеринбург, Краснојарск и други градови уапсија голем број луѓе. Според ОВД-инфо, дури 1.386 демонстранти завршиле во полициските комбиња и станици низ 38 града.

Како и обично, апсењата беа најмногубројни и најагресивни во Москва и Санкт Петербург. Во Москва полицијата грабала луѓе од толпата и ги влечела до специјалните возила. Демонстрантите извикувале: „Не за војната!“ и „Испратете го Путин во рововите!“ Понекогаш беа потребни четворица, па дури и шест полицајци за да уапсат еден демонстрант, вели руски Инсајдер.

Првите апсења на московјаните што протестирале се случиле веднаш по почетокот на маршот. Полицајците биле насилни кон приведените, при што при претресот некои од нив ги тепале по нозете. Им ги одзеле и пасошите пред да ги затворат во комбиња.

И полицијата во Санкт Петербург била агресивна при приведувањето на демонстрантите. На снимката се гледа како тројца полицајци туркаат жена на земја.

Очевидци велат дека апсењата биле по случаен избор и дека некои од приведените не извикувале никакви пароли, туку едноставно оделе по улицата. Полицијата ги туркала луѓето на земја и ги приведувала.

Исто така во Санкт Петербург: полицијата ги принудувала демонстрантите да клечат на колена пред Рускиот музеј. Демонстрантите на видеото се обиделе да побегнат од полицијата и прескокнале оградата, но биле бркани.

Демонстрант во Санкт Петербург ја искинал воената книшка и бил приведен. Дури и деца биле уапсени на антивоен митинг во Москва. Откако демонстрантите се побуниле дека девојката е малолетничка, полицајците одговориле: „Значи и нејзините родители ќе бидат казнети“.

Во Самара на протест е приведена жена со деца, јавува каналот Самара против војната. Голе дел од демонстрантите се жени чии синови се приближуваат до возраста за регрутирање.

Во Иркутск, приведените се ослободени од полициските станици со обврска да се вратат за да се подготват извештаи или со предупредување за неприфатливо прекршување на законот за јавни протести, информира анархистичкиот телеграмски канал Иркутск. Со некои од приведените разговарале службениците на Центарот за борба против екстремизмот („Центар Е“).

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе