Случајот со исчезнатиот новинар

Испрашани се луѓе од саудискиот конзулат во Истанбул, кризата се продлабочува (ВИДЕО)

Турското обвинителство собрало сведочења на турски вработени во саудискиот конзулат во Истанбул во рамки на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, во аферата која добива црти на голема криза меѓу Ријад и неговите западни сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека тој е најверојатно мртов.

Вкупно 15 членови на персоналот на конзулатот биле сослушани, пренесува приватната телевизија НТВ. Турските власти ги пребараа неделава и зградата на конзулатот и резиденцијата на саудискиот конзул.

Турската полиција ја пребара и големата шума во Истанбул, ги прегледаа снимките од безбедносните камери од 2 октомври, денот на исчезнувањето на Кашоги, на кои се гледа дека најмалку едно возило со дипломатски таблички влегува па заминува од конзулатот, тврдат медиумите.

Новинарот не е виден откако го посети конзулатот во Истанбул поради административна работа, а турските власти тврдат дека го убила специјална единица испратена од Ријад.

Турскиот печат, повикувајќи се на наводни аудио снимки од конзулатот, веќе неколку дена објавува информации според кои Џамал Кашоги бил мачен и му била отсечена главата во конзулатот уште на седмиот ден од исчезнувањето.

Американскиот претседател кој прво се обиде да биде внимателен кон саудискиот сојузник, првпат вчера кажа дека новинарот е веројатно мртов, заканувајќи ѝ се на Саудиска Арабија со „многу сериозни“ последици доколку се потврди нејзината одговорност.

Вашингтон, сепак, реши да даде им дополнителен рок од „неколку дена“ на Саудијците да го објаснат исчезнувањето на новинарот, соопшти шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе