Исламската држава ја презеде одговорноста за нападите во Шри Ланка

Групата на Исламската држава соопшти денес дека стои зад катастрофалните самоубиствени напади од неделата врз цркви и хотели во Шри Ланка, во нападите на Велигден загинаа повеќе од 320 луѓе.

Објавата ја дадоа откако поминаа повеќе од 48 часа по речиси симултаните експлозии што ги разорија трите високи хотели популарни кај странците и трите цркви преполни со христијани кои го обележуваа Велигден.

Нивната објава следеше по соопштението на владата на Шри Ланка дека првичните истраги укажуваат дека нападот бил спроведен како „одмазда“ на пукањето од минатиот месец во двете џамии во Нов Зеланд при што загинаа 50 лица.

Владата на Шри Ланка веќе посочи на помалку познатата локална исламистичка екстремистичка група наречена Нешнел товет џамат (НТЏ) но рече дека истражува дали имала меѓународна поддршка.

„Оние кои го извршија нападот насочен кон членовите на коалицијата предводена од САД и христијаните во Шри Ланка завчера, се борците на групата на Исламската држава“, се вели во соопштението објавено од новинската агенција на оваа терористичка организација Амак.

Не дадоа докази за тврдењето. Во следната подолга официјална изјава, групата даде псевдоними, но не и целосни имиња на седумте напаѓачи, за кои вели дека биле инволвирани.

Извори од полицијата на Шри Ланка, за АФП изјавија дека напаѓачите на два од хотелите биле муслимански браќа, синови на богат трговец со зачини од Коломбо и двајцата во своите дваесетти години.

Мажите ги активирале своите бомби додека гостите чекале ред за појадок во хотелите Шангри-Ла и Синамон спајс.

Четврт напад врз хотел во неделата бил не успешен, изјавија извори за АФП, иако не е веднаш јасно дали експлозијата на бомбашот не функционирала или тој одлучил да не ја активира.

Тој подоцна се разнел во воздух кога полицијата го следела до неговото сместување во главниот град.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе