„Безбедноста е поважна од нападите врз Западот“

Исламска држава ги советува своите: Не одете во Европа, мијте раце, бегајте од болни луѓе како од лав

Терористичката група советува дека миењето раце е поважно од нападите врз Западот.

Исламска држава (ИСИС) усвоила правилник за пандемијата на коронавирус и ги советува своите членови да не патуваат во Европа: „безбедноста е на прво место“, објави американската Хоумленд секјури тудеј.

 

Во последното издание на весникот на терористичката група ал-Наба, уредниците, кои обично ги повикуваат следбениците да вршат напади врз Западот, сега од нив бараат засега „да останат подалеку од земјите на епидемијата“.

Со инфографик на целата задна страница, весникот ги советува милитантите како да го запрат ширењето на епидемијата.

Во билтенот се советува да се носи маска, да се вежба самоизолација и да се бега од болни лица како што „некој би бегал од лав“.

На членовите на таа терористичка организација им се препорачува да не патуваат во Европа.

Терористичката група го става миењето раце пред нападите на Западот.

На членовите на Исламската држава им се советува „да веруваат во Бога и да побараат заштита од болести кај него“, но и да ги покријат устите кога зеваат и киваат, како и често да ги мијат рацете.

На оние што мислат дека се заразени им се советува да се држат настрана од провинциите контролирани од ИСИС за да го заштитат здравјето на другите.

Досега одреден број случаи на коронавирус се регистрирани во Африка, каде што оваа група е активна, а војните што се во тек оневозможуваат да се утврди дали вирусот се проширил во Сирија и Јемен.

Сепак, голем број случаи се потврдени во други земји што Исламска држава ги смета како дел од својот калифат, како Авганистан, Алжир, Египет, Индија, Индонезија, Ирак и Филипини.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе