Исламска држава се врати, зазеде стратегиско пристаниште во Мозамбик (ВИДЕО)

Исламистички терористи лојални на Исламска држава зазедоа вчера стратегиско пристаниште во Мозамбик, по една недела тешки борби, јавуваат светските агенции повикувајќи се на локални медиуми и воени извори.

EPA-EFE

„Терористи го зазедоа пристаништето Мосимбоа да Праја“, објави порталот Моз24хорас, додека воен извор потврдил за Франс пред дека пристаништето и градот со триесетина илјади жители „паднале“.

Прстаништето од 5 август го бранеа Одбранбените сили на Мозамбик, односно регуларната војска на земјата, на која ѝ помагаа платеници од соседната Јужноафриканска Република. Војниците на крајот биле присилени да избегаат со бродови, а џихадистите влегле во пристаништето.

Терористичката група наречена Алу сунах ва џама, лојална на Исламска држава, објави фотографии од мртви војници и оружјето кое го заплениле. Оваа група се заколна на лојалност на ИСИС годинава, откако „калифатот“ на ИСИС беше поразен во Сирија и во Ирак.

Освоеното пристаниште на северот на источноафриканската држава е од стратегиска важност бидејќи во негова близина се наоѓа станица за течен природен гас (ЛНГ) вредна 60 милијарди долари.

Пристаништето се користи за снабдување на нафтените извори на нафтените гиганти како француски Тотал, кои се одалечени само 60 километри.

Сепак, војската на Мозамбик во меѓувреме соопшти дека почнала контраофанзива и дека нејзините војници во моментов се борат за пристаништето со терористите, пренесува Би-би-си. Десетици војници се убиени, а еден патролен чамец е потопен.

Војската тврди дека убила 60 џихадисти.

Битката е најновиот бунт во со гас богатата покраина Кабо Делгадо во немирите кои траат од 2017 година до денес. Џихадистите во последните неколку месеци накратко освоија неколку градови во провинцијата.

Соседна Танзанија исто така објави дека почнува офанзива против џихадистите кои се кријат во шумите на границата со Мозамбик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе