Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот на свадба во Авганистан (ФОТО)

Бројот на загинатите од самоубиствениот бомбашки напад доцна синоќа на преполната свадбена забава во авганистанската престолнина се зголеми на најмалку 63 денеска, вклучувајќи жени и деца, соопштија официјални лица. Разгранок на групата Исламска држава ја презеде одговорноста за најсмртоносниот напад во Кабул оваа година.

 

Други 182 лица се повредени во експлозијата во саботата вечер, изјави владиниот портпарол Фероз Башари. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нусрат Рахими го потврди бројот на жртвите, додека семејствата почнаа да ги погребуваат мртвите. Некои со голи раце помагаа да се копаат гробовите, пренесе АП.

Најмалку 63 лица загинаа, а 182 се ранети синоќа во напад на бомбаш-самоубиец на свадба во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Талибанците негираа дека се одговорни за експлозијата во шиитското предградие во западен Кабул, пренесува Ројтерс.

Нападот се случи во време кога талибанците и Соединетите Држави преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан, за возврат на што талибанците треба да им се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе