Исламска држава ги повика муслиманите да ги нападнат Евреите

Исламистичката екстремистичка група Исламска држава ги повика своите борци и муслиманите воопшто да ги нападнат Евреите и еврејските доселенички населби.

Повикот е испратен преку аудио-снимка објавена денес за која се наведува дека му припаѓа на портпаролот на терористичката група Абу Хамза ал Курејши, пренесува Асошиејтед прес.

На снимката гласот зборува дека групата сака „договорот на векот“ да не успее, мислејќи на мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се очекува да биде претставен подоцна денес.

Ројтерс истакнува дека не може да се потврди идентитетот на човекот што зборува.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе