Исламска држава ги одбројува последните денови. Што ќе се случи со заробените исламисти?

Властите на северот на Сирија, предводени од Курдите, објавија дека нема да ги ослободат милитантите на Исламска држава од странство, но дека земјите на потекло мора да ги преземат, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги ослободи џихадистите ако Европа не ги прими назад.

Сириските демократски сили (СДФ), каде главниот збор го има курдската паравоена ИПГ, се спремни со американска помош да го ослободат последното упориште на Исламска држава на истокот на Сирија.

Трамп во саботата побара од европските земји да примат назад над 800 борци на милитантната група од кои голем број се европски државјани со право на враќање. „Во спротивно ќе бидеме приморани да ги ослободиме“, порача американскиот претседател.

Абдулкарим Омар, копретседател на одборот за меѓународни односи за регионот со кој владее СДФ, кажа дека голем број странски борци се во затвори, а нивните сопруги и деца во бегалски кампови, и дека бројот секојдневно расте за неколку десетици.

Тој прецизираше дека околу 800 милитанти се од 50 држави, а 700 сопруги и 1.500 деца се во логорите.

„Нема да ги ослободиме. Тоа никогаш не би го направиле. Изгледа дека повеќето земји решиле да расчистат со нив, да ги остават тука. Но тоа би било грешка“, истакна Омар за заробените исламисти.

Без силни иницијативи за казнување на борците на ИСИС и рехабилитација на нивните семејства, странските борци притворени од СДФ би можеле да станат „темпирани бомби“ за регионот и светот, смета тој.

Повеќе министри за надворешни работи на земјите од Европската Унија го отфрлија во понеделникот барањето на Трамп Европа да ги прими назад странските борци заробени во Сирија, кои се бореле на страната на Исламска држава, за што во следните денови треба да се разговара и на европско ниво.

Омар истакна и дека каков било турски напад врз регионот би создал хаос и со тоа би им било овозможено на исламистите да избегаат. Властите во Анкара ИПГ ја сметаат за терористичка група, разгранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) кој веќе три децении води борба против турската држава и која за терористичка организација ја сметаат и САД и ЕУ. Турција повеќе пати повтори дека ќе го „исчисти“ регионот од ИПГ.

Загриженоста на Курдите околу турското воено дејствување се засили откако Трамп во декември најави дека ќе ги повлече американските сојузнички трупи. Вашингтон вети дека ќе ги обезбедува сојузниците и повлекувањето.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе