Исклучително брзи тестови за коронавирус од следната недела во британските болници (ВИДЕО)

Нови 90-минутни ДНК-тестови за коронавирус, грип и други респираторни вируси ќе бидат достапни во британските болници и домови за стари лица од следната недела, објави вчера британската влада.

Screenshot

„Фактот дека овие тестови можат да откријат грип и ковид-19 ќе ни бидат од голема корист кога ќе дојде зимата“, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок, пренесе Њу сајантист.

Владата на Велика Британија обезбеди од компанијата ДНК Наџ 5.8 милиони ДНК тестови и 5.000 машини за ДНК тестирање, како и 450.000 тестови од друга британска компанија, Оксфорд Нанопоре.

Во моментов, третина од тестовите се обработуваат повеќе од 24 часа.

Соопштението следи откако владата ја помести целта од јули редовно да ги тестира сите вработени во домовите за нега и станарите - клучен потег за да се идентификуваат таканаречените тивки преносители, оние кои се заразени, но не покажуваат симптоми, јави Би-би-си.

Ова е малку веројатно да се постигне до септември, бидејќи бројот на комплетите за тестирања е сè поограничен.

Во моментов нема јавно достапни податоци за точноста на новите тестови, но Џон Бел од универзитетот Оксфорд, кој ја советува владата за тестирања, за Би-би-си изјави дека новите тестови имаат иста чувствителност како постојните лабораториски тестови. Компанијата ДНК Наџ тврди дека нивниот тест има точност од 98 проценти.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе