ИСИС за првпат ги повкува жените во борба: „Ова е невидено, би можело да има глобални последици“

Исламска држава за првпат ги повика жените на помош на џихадистите во борбата додека ги губат териториите во Сирија и Ирак, што е „загрижувачки потег кој би можел да има глобални последици“, предупредуваат експертите.

Во новото издание на својот весник на арапски јазик терористите им порачале на жените дека имаат „обврска да учествуваат во физичкиот џихад“.

„Денес, во контекст на војната против Исламска држава, стана потребно муслиманките да ја исполнат својата должност во сите области и да ги поддржат муџахедините во борбата. Жените мора да се спремат за одбрана на својата религија со жртвување за Алах“, пишува терористичкиот весник.

Се истакнува и дека жените се бореле за време на златната доба на исламот и дека пророкот Мухамед имал жени во својата придружба. ИСИС досега им забрануваше на жените да учествуваат во борбата, а ги наговараше да се венчаваат за џихадистите, да ја шират пропагандата и да раѓаат деца за зголемување на популацијата на Исламска држава.

Аналитичарот на Меѓународниот центар за проучување на радикализацијата и политичкото насилство (ИЦСР) Чарли Винтер за Индипендент вели дека повикот на ИСИС до жените покажува „невидена промена“.

„Ова е навистина најдрастичната промена досега и многу кажува за тоа што ИСИС во моментов мисли за сопствената организација. Со објавата на написот тие дефинитивно признаа дека џихадот сега се води како одбранбена војна, а тоа е голема работа“.

Летоска беа објавени неколку извештаи за нападите на жените самоубијци во Ирак и Мосул. Американската коалиција објави статистика според која ИСИС повеќе нема доволно машки борци во Сирија и Ирак.

Винтер истакнува дека сѐ уште нема докази за жени борци на боиштата на ИСИС, но стравува дека повикот на борба би можел да има глобални последици и влијание врз следбениците на џихадистите низ целиот свет.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе