ИСИС објави фотографии од бомбашите во Шри Ланка (ФОТО)

Исламска држава ја презема одговорноста за бомбашките напади на Шри Ланка во кои на католички Велигден беа убиени најмалку 320 луѓе, објави Амак, „новинската“ агенција на терористичката организација, не наведувајќи докази за тврдењата.

Амак подоцна во текот на денот објави и фотографија од осум мажи за кои тврди дека се терористите кои ги извршија нападите во црквите и хотелите. Со фотографијата ги објавија и наводните имиња на седум од напаѓачите со опис кој од нив учествувал во кој напад. Се тврди и дека еден од нив се судрил со полицијата и убил тројца полицајци.

Покрај фотографијата тие објавиле и снимка на која се гледа како мажите од фотографијата се колнат на верност на „калифатот“ и на лидерот Абу Бакр ал Багдади и извикуваат „алаху акбар“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе