ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ МРТОВ

ИСИС ја презеде одговорноста за пукањето во Париз, се трага по втор напаѓач (ВИДЕО)

Еден француски полицаец беше убиен, а двајца се ранети синоќа во центарот на Париз, неколку дена пред претседателските избори. Терористичката група Исламска држава брзо ја презеде одговорноста за нападот.

Претседателот Франсоа Оланд изјави дека е убеден дека „кукавичкото убиство“ на булеварот Шанзелизе, во кој напаѓачот потоа беше убиен од полицијата, е чин на тероризам.

Широката авенија што води од Триумфалната капија беше преполна со парижани и туристи што уживаа во пролетната вечер, вели Ројтерс, но полицијата брзо ја расчисти областа, која до доцна во ноќта остана празна, само со тешко вооружени сили за безбедност и полициски возила.

Парискиот обвинител Франсоа Молин рече дека човекот бил идентификуван, но истражувачите сè уште проценуваат дали имал соучесници.

Во меѓувреме британски Телеграф објави дека е во тек потера по вториот напаѓач. Телеграф вели и дека убиениот напаѓач претходно бил под прелиминарна истрага за тероризам, но бил ослободен.

Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИС или ИСИЛ) го идентификуваше напаѓачот како еден од своите војници, а го именува како Абу Јусиф, Белгиец. Полицијата соопшти дека синоќа човекот бил идентификуван, но дека неговото име нема да се открива сè додека не се утврди дали имал соучесници, објави Ројтерс.

Напаѓачот неодамна бил приведен на сослушување во полициска станица во Мо, во близина на Париз, откако некои „информатори“ навеле дека тој „се труди да стекне оружје за да убива полицајци“.

Но поради недостиг од докази, антитерористичките обвинители „го пуштиле“.

Нападот покрена прашања од типот како уште еден исламски екстремист познат на полицијата успеал да предизвика терор во срцето на францускиот главен град.

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе