На меѓународниот аеродром

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Кабул - со фотографија од бомбашот

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за денешните напади врз меѓународниот аеродром во авганистанската престолнина, во кој загинаа најмалку 70 луѓе, меѓу кои најмалку 12 американски војници.

Фото: ЕПА

ИСИС ја презеде одговорноста за денешните бомбашки напади на аеродромот во Кабул во извештајот на Амак, наведувајќи дека нејзините борци убиле и раниле приближно 160 луѓе. Извештајот за нападот е објавен со фотографија на бомбашот-самоубиец.

АП пренесе дека авганистанските и американските официјални лица потврдиле дека најмалку 60 Авганистанци и 12 американски војници загинале во двојните експлозии пред меѓународниот аеродром во Кабул.

Двајца бомбаши-самоубијци и еден вооружен напаѓач нападнаа толпа Авганистанци што беа собрани на аеродромот во Кабул во четвртокот, претворајќи ја сцената на очај во сцена на хорор. Во експлозиите - еден самоубиствен бомбашки напад на портата Аби и едно возило-бомба во близина на хотелот Барон - загинаа и деца.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе