Додека се очекува турската офанзива

ИСИС ја нападна Рака, општа мобилизација на Курдите

Курдските сили и две сириски активистички групи објавија дека екстремистите на Исламска држава рано утрово извршиле напад во Рака, северна Сирија. Локалните власти предводени од Курдите повикаа на општа мобилизација во пресрет на најавената турска офанзива.

Цел на нападот во Рака, која екстремистите на Исламска држава ја сметаа за главен град на својот „калифат“, беа Сириските демократски сили предводени од Курдите, кои беа поддржани од САД.

Нападот се случува во моменти кога се очекува турска офанзива против курдските борци во североисточна Сирија.

Курдските борци велат дека Исламска држава извршила три самоубиствени напади на нивните позиции во Рака. Засега нема извештаи за загинати или повредени.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци на Исламска држава и дека имало пукања пред тие да се разнесат.

Локалните власти во североисточна Сирија, предводени од Курдите, повикаа на „општа мобилизација“ по должината на границата со Турција, додека Анкара трупа војска пред очекуваната инвазија.

„Прогласуваме тридневна општа мобилизација во северна и источна Сирија“, се вели во нивното соопштение.

„Го повикуваме нашиот народ, сите етнички групи, да се поместат во областите поблиску до границата со Турција за да спроведат акции на отпор во текот на ова деликатно историско време“, рече локалната власт позната како Автономна управа на северот и истокот на Сирија. Тие ја повикаа меѓународната заедница да ги исполни своите обврски, бидејќи народот во североисточна Сирија „може да го погоди хуманитарна катастрофа“.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе