Во неделниот весник поврзан со групата

ИСИС го пофали убиството на Сулејмани како „божја интервенција“ што ќе ѝ помогне повторно да се крене

Терористите на Исламска држава ѝ се радуваат на смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани од раката на неговите американски „сојузници“, според неделниот весник поврзан со групата, која некогаш контролираше поголем дел од Сирија и Ирак.

Неделниот весник на Исламска држава Ал наба ја прикажа смртта на Сулејмани како чин на господ, за поддршка на нејзината кауза и муслиманите воопшто, пренесува Би-би-си мониторинг.

Во уредничкиот коментар на џихадистичкиот весник се внимавало да не им се припишат заслуги на САД, ниту да се спомене Сулејмани по име. „Подвигот“ се сместува во историска аналогија, со споменување на „римско-персиските војни“ што им овозможија на првите муслимани да ја заземат Персија - денешен Иран - и делови од Источното Римско Царство, познато и како Византија.

Весникот вели дека тоа што САД и сојузниците ги прекинуваат операциите против ИСИС е можност за воскреснување на групата, пренесува новинарката на Би-би-си, Мина Ал-Лами.

Иако ИСИС не е целосно уништена, веќе со месеци не контролира ниедна територија. Борците на Сулејмани од единицата Кудс беа меѓу оние што го поразија „калифатот“, заедно со сириската армија и руските војници во Сирија, и ирачката армија, САД и курдските милиции, кои напредуваа од северот на Сирија и Ирак.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе