По поплавите во Австралија

Исчезнатото тригодишно девојче пронајдено живо заедно со нејзиното куче (ФОТО)

3-годишното девојче Матилда Мул и нејзиното куче биле пронајдени живи и здрави 24 часа откако исчезнале во регионот Пилбара, во Западна Австралија..

Девојчето во средата шетајќи залутало од нејзиниот дом во градот Норена Даунс.

Таа и нејзиниот Џек Расел териер останале заробени поради поплавата, а во потрагата се вклучиле и хеликоптери.

За среќа, хеликоптерите во четвртокот попладне го забележале девојчето на оддалеченост од 3,5 километри од нејзиниот дом.

Девојчето било валкано од калта, но во добра состојба, а кучето не се одвојувало од неа.

Началникот на полицијата во Пилбара, Ким Масам, им се заблагодари на сите вклучени во потрагата по девојчето, но исто така го пофали и нејзиното кученце кое останало со неа 24 часа.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе