Шефицата на ЕК во соопштението на Твитер наведе дека е неопходно Русија да се повика на „меѓународна одговорност“ поради случувањата во Украина и да се употребат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.
Во прилог на тоа, Фон дер Лаен истакна дека од почетокот на специјалната воена операција на Русија „според досегашните проценки загинале над 100.000 украински офицери и над 20.000 цивили“.
📹🇪🇺🇺🇦🇷🇺Comparison between the first video posted by Ursula von der Leyen and the second video that was cut pic.twitter.com/qntMDTCJ92
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) November 30, 2022
Меѓутоа, подоцна од нејзиното обраќање беше избришан делот за бројот на загинати офицери и цивили.
Европската комисија потврди дека од изјавата на Фон дер Лаен ги избришала информациите за загинатите украински офицери.
„Им благодарам многу на оние кои укажаа на непрецизните бројки во претходната верзија на видеото. Проценката од надворешни извори, која е користена, требаше да се однесува на жртвите, односно и загинатите и ранетите, и требаше да ја покаже суровоста на Русија“, објави на Твитер претставничката на ЕК Дана Спинат.