Ирскиот премиер: Новиот договор на Џонсон за брегзит не е можен во реалниот живот (ВИДЕО)

Предлогот на британскиот премиер Борис Џонсон за нови преговори за договорот за излез на Велика Британија од ЕУ во идните месеци „не е можен во реалниот живот", рече ирскиот премиер Лео Варадкар.

„Слушајќи го неговиот говор, добив впечаток дека не само што зборува за бришење на бекстоп, туку и за сосема нов договор - договор подобар за Велика Британија“, го коментираше Варадкар првиот говор на Џонсон како британски премиер.

„Секоја сугестија дека сосема нов договор може да се испреговара за неколку недели или месеци апсолутно е невозможно во реалноста“, рече Варадкар во интервју за телевизијата РТЕ.

„Тоа нема да се случи“, рече Варадкар.

Црвената линија на Европската унија нема да се промени и нејзините преговарачки позиции нема да се променат во средба на планираниот излез на Британија од ЕУ на 31 октомври, изјави ирскиот премиер, повикувајќи се на најавата од инаугуративниот говор на Џонсон во кој тој рече дека ќе ја изведе Британија од Европската унија на 31 Октомври без договор но и во случај на „нов, подобар договор“.

Варадкар му честиташе на Џонсон за преземањето на премиерската функција велејќи дека се радува на соработката со кабинетот на Џонсон, особено кога станува збор за прашањето на границата со Ирска, главното прашање поврзано со брегзит.

Ирскиот премиер изјави дека неговиот британски колега ќе мора да „додаде по некој детал кога се работи за слоганите и изјавите“ за брегзит.

„Самодовербата и ентузијазмот не се замена за европската политика“, рече ирскиот премиер.

Додека Џонсон во својот говор рече дека сака напуштање на ЕУ и без договор доколку е потребно, Варадкар рече дека нему му е се појасно дека Џонсон нема поддршка во парламентот за таков чекор.

Тој, исто така, сугерираше дека политичката ситуација во Обединетото Кралство е многу нестабилна, за разлика од Ирска. „Кај нас е стабилно“, рече Варадкар.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе