Ирска се извини поради скандалот во домовите на немажени мајки каде што починале 9.000 деца

Ирска денес официјално се извини поради скандалот со домовите на немажени мајки во кои во периодот меѓу 1922 и 1998 година починале 9.000 деца.

Фото: ЕПА

„Државата ве напушти“, рече ирскиот премиер Михаел Мартин пред парламентот, еден ден по објавувањето на долгоочекуваниот извештај.

Во извештајот е обелоденета прекумерната смртност во тие институции во сопственост на Католичката црква и државата и општата ненаклонетост на општеството за раѓање на такви деца, кои тогаш биле сметани за незаконски.

„Се извинувам поради тоа што на ирските мајки и нивните деца во тие домови им нанесовме голема неправда“, рече премиерот.

По петгодишна истрага, комисијата утврди дека починале 9.000 деца или 15 проценти од 57.000 деца кои поминале низ тие институции за 76 години. Стапката на смртност на деца родени вонбрачно е скоро двојно поголема во тие домови отколку на други места, истакна премиерот.

Домовите прифаќале девојки и млади жени кои биле отфрлени од нивните семејства и повеќето немале „други опции“, се вели во извештајот.

Извештајот, кој опфаќа 18 таканаречени „Домови за мајки и деца“, каде што млади бремени жени со децении биле изолирани од општеството, е последниот во низата владини документи кои откриваат некои од најмрачните дела на Католичката црква.

Роднините на жртвите тврдат дека децата биле малтретирани затоа што биле родени од невенчани жени кои, како и нивните деца, биле дамка врз угледот на Ирска, земја на побожно католичко население.

Во извештајот се наведува дека „ужасната стапка на смртност“ е поврзана со нехумани услови за живот.

Децата родени таму честопати биле земани од нивните мајки и биле давани на посвојување, прекинувајќи ги сите врски со нивното биолошко семејство.

Периодот што е најдалеку во минатото и кој го испитувала комисијата покажува дека „девојките кои немале сексуално образование не ни знаеле како забремениле“, а некои биле жртви на „силување и/или инцест“, рече Михаел Мартин.

Тој вели дека во извештајот се потенцира „длабокиот неуспех“ за емпатија, разбирање и сочувство во долг период.

„Децата родени вонбрачно биле стигматизирани и нехумано третирани“, рече тој.

„Се држевме до побожноста, но не покажавме ни најмало внимание кон оние на кои им беше најпотребно“, додаде тој.

Претходно во средата, ирскиот надбискуп им се извини на жртвите во домовите за мајки и деца на Католичката црква.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе