Ирска му забрани влез на пасторот кој ги слави убиствата на хомосексуалците

Американски пастор, кој рече дека владите треба да ги погубуваат хомосексуалците и го пофали пукањето во геј клуб, стана прв човек на кого му е забранет влез во Ирска според закон стар 20 години.

Ирската Влада ја донесе одлуката откако повеќе од 14.000 луѓе потпишаа онлајн петиција во која се бара на Стивен Андерсон, кој ги нарече хомосексуалците „куп развратници и педофили“, да му се забрани одржување миса во Ирска на 26 мај.

Министерот за правда и еднаквост Чарли Фланаган му забрани влез во земјата „во интерес на јавната политика“, стои во неговото соопштение.

Андерсон во 2016 година, по едно пукање во ноќниот клуб Пулс во Орландо, Флорида, кога беа убиени 49 лица, напиша дека е „добра вест дека на светот има 50 педофили помалку“.

Активистите за правата на ЛГБТ ја поздравија одлуката на ирскиот министер.

Андерсон овој месец требало да одржи миса и во Холандија и во Шведска, но му е забранет влез во Шенген зоната во која се 26 држави.

„Жал ми е... нема да успеам да дојдам, но всушност не ми е жал, бидејќи не е моја вина“, објави пасторот во понеделникот на својот Јутјуб канал.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе