Патријархот на СПЦ

Иринеј: Осум години слушам како Вучиќ подготвува предавство на Косово, го осудија човекот за нешто што не го направил

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј изјави дека осум години слуша како претседателот на Србија Александар Вучиќ „подготвува предавство“ на Косово, и праша дали има смисла „да осудат човекот за нешто што не го направил, само затоа што некои сметаат дека ќе го направи“.

EPA-EFE

„Вучиќ се соочи со многубројните проблеми на Косово. Тој се покажа како одговорен државни за многу национални прашања. Судот за неговата работа го дадоа граѓаните на изборите“, кажа Иринеј за Новости.

Тој оцени дека албанските политичари поради отворената поддршка од моќните западни држави „не сакаат ни да разговараат, а не пак да преговараат“ со српската страна.

„Секогаш кажував дека во решавањето на проблемот на Косово првиот услов треба да биде безбедното враќање на 250.000 Срби, протерани од 1999 до 2004 година. Меѓународната заедница треба да помогне пред сѐ околу тоа прашање, па дури потоа да организира разговори за другите теми“, истакна тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе