„Излегување од мрачното минато“

Ирците изгласаа легализирање на абортусот (ФОТО)

Ирските граѓани изгласаа либерализација на еден од најстрогите закони во светот во однос на абортусот, покажаа резултатите од излезните анкети по референдумот во земјата.

 

Според податоците на ирската агенција за истражување на пазарот Ипсос МРБИ, повеќе од две третини од граѓаните во петокот гласале за легализација на абортусот.

Нацијата некогаш длабоко приврзана кон принципите на католичката црква ја поддржа либерализацијата на законот со 68 наспроти 32 отсто од гласовите, покажаа резултатите од излезните анкети, објави Ројтерс.

„Не се официјални резултати, но изгледаат добро“, порача на Твитер ирската министерка за култура, Јозефа Мадиган.

Броењето на гласовите почна утрово.

Министерот за правда, Чарли Фланаган, ги опиша овие резултати како „уште еден голем чекор кон излегување од мрачното минато“.

Овој референдум тој го означи како шанса што се добива еднаш во генерација, а гласачите одговорија со, како што рече државната телевизија, одѕив што спаѓа меѓу најголемите на референдумите во земјата.

Граѓаните на референдумот беа прашани дали сакаат да се поништи уставниот амандман од 1983 година што на нероденото дете и на мајката им дава еднакво право на живот.

Забраната на абортусот во таа земја беше делумно укината во 2013 година, и тоа само во случаите кога животот на мајката е загрозен.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе