По ракетниот напад врз базите во Ирак

Иранското електронско војување – смрт за американските дронови

Набрзо по ракетниот напад на Иран врз американските бази во Ирак, иранските војници онеспособиле американски беспилотни летала, користејќи методи на електронско војување, изјави командантот на воените вселенски сили на Корпусот на чуварите на исламската револуција Амир Али Хаџизаде. Тоа значело „смрт“ за американските дронови.

„Извршивме операција на електронско војување околу 15 минути по нападот врз базата Ејн ал Асад, по што американските беспилотни летала беа надвор од контрола“, кажа тој.

Командантот додаде дека онеспособувањето на техниката им нанело на Американците „сериозен психолошки удар“.

„И покрај тоа што имаа многу авиони и воена техника околу базата Ејн ал Асад, тие не успеаја да им се спротивстават на нашите ракети“, истакна командантот.

Утрината на 8 јануари Иран со ракети ги гаѓаше позициите на САД во Ирак во знак на одмазда поради убиството на генералот на Револуционерната гарда Касем Сулејмани, извршено со дрон во Багдад на 3 јануари.

Според Пентагон, иранскиот напад врз базите мина без жртви и со мала материјална штета.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе