Објави државната телевизија

Иранско знаме се виори на запленетиот британски танкер (ВИДЕО)

Иранската државна телевизија објави видеоснимка на која се гледа како иранско знаме се виори на запленетиот танкер кој пловел под британско знаме.

Во видеото објавено од страна на Прес ТВ во неделата, на шведскиот брод што пловел под знамето на Велика Британија, се гледа како се виори знамето на Иран. Кратката снимка покажува и како патролен брод кружи во водите во близина на бродот. Бродот се чини празен, може да се забележат само неколку луѓе на горната палуба.

Најавено е дека британската премиерка во заминување, Тереза Меј денес ќе претседава на вонредна владина седница посветена на одговорот на иранското запленување на британскиот танкер во Ормускиот теснец.

Министри и официјални лица задолжени за безбедност ќе разговараат за начините да се заштитат бродовите во чувствителниот регион, клучен за глобално снабдување со нафта.

Се очекува шефот на дипломатијата Џереми Хант да се состане со парламентот со детали од апсењето на танкерот Стена имперо кој моментлно се наоѓа во добро чувано иранско пристаниште.

На видеоснимката од запленетиот британски танкер Стена имперо објавено завчера, се гледа како ирански командоси во црни фантомки и воени униформи се спуштаат од хеликоптер на танкер во Ормускиот теснец.

Лондон размислува на повеќе опции за засилување на притисокот врз Иран, но официјални лица велат дека воена операција засега не е на маса.

Велика Британија, исто така, се обидува да добие дипломатска и оперативна поддршка од главните европски сојузници за Ормускиот теснец да остане отворен за пловење.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе