„Каков спектакл“

Иранскиот врховен лидер ги исмева американските избори

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече американските претседателски избори спектакл во кој актуелниот претседател Доналд Трамп почна правна битка дури и пред да заврши броењето на гласовите.

EPA-EFE

„Каков спектакл! Едниот вели дека ова се најнеправилните избори во историјата на САД. А кој го вели тоа? Претседателот што во моментов е на функција. Неговиот ривал (Џо Бајден) вели дека Трамп се обидува да ги намести изборите. Тоа се американските избори и демократијата во САД“, вели пораката ноќеска објавена на твитер-профилот на Хамнеи.

Непријатели повеќе од 40 години, Исламска Република Иран и Соединетите Американски Држави два пати беа на раб на војна од јуни 2019 година поради тензиите во Персискиот Залив и поради меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година.

По повод парламентарните избори во Иран, САД во февруари најавија реално симболични санкции на група од пет ирански функционери откако беше оневозможено учеството на илјадници реформски или умерени кандидати на изборите.

Десетина дена пред изборите во САД одржани на 3 ноември, директорот на американската разузнавачка служба го обвини Техеран за испраќање мејлови со цел „заплашување на гласачите, поттикнување социјални немири и нанесување штета на претседателот Трамп“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе