Иранскиот врховен лидер: Бајден или Трамп? Сѐ е тоа едно исто

Џо Бајден или Доналд Трамп, сеедно е, според иранскиот врховен духовен водач, ајатолахот Али Хаменеи. Тој ова го рече вчера, во говор во кој не покажа склоност кон скоро продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма.

Фото: ЕПА

„Сегашната Бајденова влада не се разликува од претходната, бидејќи бара од Иран да го стори истото како и Трамп кога станува збор за нуклеарната програма“, вели Хаменеи во снимката од говорот одржан пред членовите на владата.

„Трамп тоа го кажуваше на еден начин, а Бајден на малку поинаков начин“, рече првиот човек на Иран во време кога Западот, Русија и Кина од крајот на јуни очекуваа сигнал од Техеран дека ќе биде подготвен да продолжат преговорите почнати во април во Виена.

Целта на разговорите е да се обиде да се спаси иранскиот меѓународен нуклеарен договор од 2015 година, кој беше отфрлен од Трамп три години претходно.

Ајатолахот го одржа говорот ден по средбата меѓу Бајден и израелскиот премиер Нафтали Бенет, жесток критичар на договорот, како и неговиот претходник Бенјамин Нетанјаху. Бајден му рече на својот израелски сојузник дека Соединетите Држави се посветени на настојувањето Иран никогаш да не развие нуклеарно оружје.

„Ние сме за дипломатија. Но ако дипломатијата не успее, ние сме подготвени да се свртиме кон други опции“, предупреди тој. Техеран отсекогаш негираше дека сака да набави атомско оружје.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе