САД предупредуваат да не му се помага на бродот

Иранскиот танкер не емитува сигнал за својата позиција

Иранскиот танкер Адријан Дарја 1, кој се најде во центарот на спорот меѓу Техеран и САД, најверојатно го исклучил својот транспондер во Средоземното Море западно од Сирија.

Податоците покажале дека танкерот, натоварен со иранска сирова нафта, го испратил последниот сигнал за својата позиција некаде меѓу Кипар и Сирија, пловејќи кон север во понеделникот во 15:53 часот, пренесува Ројтерс.

Бродот, кој претходно се викаше Грејс 1, го задржаа Британците на Гибралтар на 4 јули поради сомнеж дека е упатен кон Сирија, со што би се прекршиле санкциите на Европската Унија.

Гибралтар го пушти бродот на 15 август по писмено уверување од Техеран дека танкерот нема да ги истовари 2,1 милион барели нафта во Сирија.

Меѓутоа, како што се тврди, танкерот најверојатно ќе се обиде да изврши трансфер на нафтата од брод на брод, откако Иран соопшти дека енергенсот е продаден.

Вашингтон ги предупреди сите држави да не му помагаат на бродот, истакнувајќи дека тоа би го сметале за поддршка на Иранската револуционерна гарда, која ја смета за терористичка организација.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе