Крај на драмата

Иранскиот танкер исплови од Гибралтар кон Грција (ВИДЕО)

Иранскиот танкер, кој пренесува лесна сурова нафта во вредност од 130 милиони долари, го крена сидрото и почна да се оддалечува од Гибралтар кон Грција.

Врз основа на ГПС-податоците на сајтот Маринтрафик, службата за следење на бродовите, танкерот Едријен Дарја 1, кој порано се викаше Грејс 1, почнал да се движи нешто по полноќ.

На иранскиот танкер му беше дозволено да исплови од Гибралтар откако британските власти на таа територија на 18 август го одбија барањето на САД да не го ослободуваат танкерот што Гибралтар го заплени пред месец и половина поради наводно кршење на санкциите на ЕУ против Сирија.

Владата на британската територија во соопштение објасни дека на танкерот Грејс 1 ќе му биде дозволено испловување бидејќи американските санкции против Иран не важат за Обединетото Кралство и Европската Унија.

Вашингтон во петокот издаде нова наредба бродот да биде запленет, еден ден откако Гибралтар првично му одобри на иранскиот танкер да исплови, откако доби официјално писмено уверение од иранската влада дека товарот нема да биде оставен во Сирија.

Иранскиот танкер, кој превезува 2,1 милиони барели иранска сурова нафта, во Гибралтар чекаше нов екипаж за да може да тргне кон новата дестинација.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе