Иранскиот танкер го напушта Гибралтар

Поморскиот посредник за иранскиот танкер, Ричард де ла Роза, кој беше приведен во Гибралтар, изјави дека бродот е подготвен да го напушти Гибралтар денес или утре, без оглед на обидите на САД да го фатат во последен момент.

Де ла Роза, директор на компанијата „Атрашип“, која ги средуваше документите за тој танкер на оваа британска прекуморска територија, рече дека може да исплови во следните 24 до 48 часа, односно кога новата посада, која е во Гибралтар, ќе ги преземе своите должности на бродот.

„Бродот минува низ некои логистички промени, кои го одложија неговото заминување“, рече тој за АП.

Неговата изјава дојде еден ден откако САД издадоа налог за задржување на танкерот поради прекршување на санкциите наметнати од САД кон Иран. Меѓутоа, не е јасно дали ова може да се заврши во рок од 24 часа, бидејќи властите на Гибралтар посочуваат дека секој таков налог мора да помине низ локални судски постапки.

Де ла Роза рече дека новата посада ја сочинуваат Индијци и Украинци, дека ги изнајмил индиски менаџер на бродот, кој сè уште не бил информиран за дестинацијата на која ќе се упати танкерот.

Танкерот, кој носи 2,1 милиони барели иранска сурова нафта, беше задржан околу еден месец во Гибралтар под обвинение дека наводно се обидува да ги прекрши санкциите воведени од ЕУ за Сирија.

Тoа предизвика тензии во односите Лондон-Техеран и доведе до иранско запленување британски танкер во Ормускиот премин.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе