Иранскиот супертанкер запленет кај Гибралтар бил полн со сирова нафта

Анализите покажале дека супертанкерот запленет кај Гибралтар минатата недела бил целосно исполнет со сирова нафта, соопшти вчера владата на британската колонија.

Британски кралски маринци упаднаа во четвртокот на бродот Грејс 1 крај брегот на Гибралтар и го запленија поради обид за превезување нафта во Сирија, со што се кршат санкциите на Европската Унија.

„Владата на Гибралтар сега може да потврди, откако ги доби резултатите на сеопфатните лабораториски испитувања, дека супертанкерот Грејс 1, задржан во четвртокот во раните утрински часови, бил целосно исполнет со нафта“, се наведува во соопштението на владата.

„Резултатите на овие тестови им противречат на изјавите на некои странски изјави кои нагаѓаа дека немало нафта на бродот“, се додава во соопштението.

Владата на Гибралтар наведе дека задржувањето на бродот е поврзано со сомнежот за одредиштето на товарот, односно рафинеријата Бањас во Сирија, што подлежи на санкциите на Европската Унија.

Гибралтарските власти не објавија чија е нафтата, но ирански функционери претходно потврдија дека станува збор за ирански танкер.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе