Иранскиот министер за надворешни работи Зариф пристигна како ненадеен гостин на Г7 самитот во Бијариц

Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф околу пет часа помина во Бијариц, Франција, на маргините на самитот на Г7. Разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, кој сакал да делува како посредник меѓу Иран и САД.

Непланираната посета на покана на министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан следи откако Зариф се состанал со претседателот Емануел Маркон на почетокот од оваа недела, на разговари за судбината на нуклеарниот договор.

Зариф не се состана со американскиот претседател Доналд Трамп ниту со некој друг од американската делегација, изјави ирански портпарол.

Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), односно нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015, пропадна откако САД минатиот мај еднострано се повлекоа, со што европските сојузници на Вашингтон се оставени да се борат да ја одржат трговијата со Техеран наспроти повеќекратните рунди американски санкции, и во услови на воени тензии меѓу Иран и САД во Персискиот Залив.

Претседателот Макрон како приоритет на Г7 самитот викендов го стави започнувањето на преговорите со Техеран. Додека Макрон му го претстави својот мировен план на Трамп, американскиот лидер пристигна со советникот за национална безбедност Џон Болтон и инсистираше на тоа дека неговата кампања на „максимален притисок“ со економски санкции функционира.

Трамп не биз запознаен дека Зариф ќе пристигне во Бијариц, а некои американски официјални претставници биле и навредени. Американскиот претседател Трамп кратко рекол „без коментар“.

Планот на Макрон, наводно, вклучувал САД да го укинат нафтеното ембарго на Иран, во замена Иран веднаш да се усогласи со договорот од 2015 година и да дојде на преговарачка маса. Зариф повеќе од три часа држел разговори, меѓу кои со Макрон и со официјални претставници на Велика Британија и Германија.

Додека француски службеник за Ројтерс изјавил дека разговорите биле „позитивни и ќе продолжат“, нивната содржина останува тајна.

„Патот пред нас е тежок“, напиша Зариф на Твитер по состанокот со француските власти, „но вреди да се обидеме“.

Германската канцеларка Ангела Меркел додаде разговорите со Зариф биле на маргините на самитот, а самата таа и нејзините колеги од Г7 ќе продолжат да „наоѓаат начин за деескалирање“ на тензиите со Техеран.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе