Иранскиот министер за надворешни работи смета дека Трамп е фаворит на американските избори

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф оцени дека претседателот на Соединетите Држави Доналд Трамп и покрај падот на популарноста во последните месеци, има големи шанси повторно да победи на изборите благодарение на цврстата избирачка база.

EPA-EFE/STR

„Најголемата грешка на хуманистичките науки е да предвидува, особено во променливи и сложени услови. Но, дозволете ми да се осмелам да предвидам дека шансите на Трамп за повторен избор се сè уште над 50 проценти“, рече Зариф во интервју со иранскиот новинар Фарид Модареси. „Се разбира, неговите изгледи сериозно се намалија во споредба со пред четири или пет месеци“, додаде тој.

„Но, Трамп има гласачка база од 30 до 35 проценти од гласачите што остана непроменета и додека таа останува, постои шанса за негов реизбор“, рече Зариф во разговор преку Инстаграм, прв од ваков вид со висок функционер на Исламската Република.

Односите меѓу САД и Иран дополнително се влошија уште откако Трамп го повлече Вашингтон од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции што ја поткопаа иранската економија. Иран одговори со постепено намалување на своите обврски според договорот.

Трамп порано овој месец рече дека иранските лидери грешат доколку чекаат на негов пораз на претседателските избори во ноември. Според последните анкети на јавното мислење, Трамп заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден.

„Не чекајте после изборите да постигнете голем договор. Ќе победам. Подобар договор ќе склучите сега!“, напиша тогаш Трамп на Твитер обраќајќи му се на Иран.

Иранското министерство за надворешни работи одговори дека Иран нема да ги заснова своите политики врз основа на внатрешните работи на САД, како што се изборите.

Зариф во разговорот оцени дека и самиот Трамп веројатно заклучил дека неговата политика на „максимален притисок“ врз Иран не успеала.

„Не верувам дека Трамп уште верува во приказната дека Иранската Република ќе пропадне. Но, продолжува да ги повторува своите грешки. Изгледа (американски претставници) знаат дека направиле грешки, но не знаат како да ги поправат“, рече Зариф.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STR

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе