„Гласањето е религиозна должност“

Иранскиот ајатолах: Изборите ќе ги неутрализираат американските лоши намери

Високата излезност на парламентарните избори ќе го покаже иранското единството против „непријателот", објави денес на Твитер, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, неколку дена пред изборите, кои се сметаат за референдум на популарноста на свештеничкиот естаблишмент.

„Америка нема да успее да создаде поделба меѓу властите и Иранците; високата излезност ќе го покаже нашето единство против непријателот“, објави Хамнеи на Твитер.

Гардискиот совет отфрли околу 6850 умерени или конзервативни номинации во корист на во корист на тврдокорните, меѓу 14.000 поднесени барања за кандидирање на изборите на 21 февруари.

На една третина од пратениците исто така им е забрането повторно да излезат на избори.

Хамнеи го поддржа Гардискиот совет и рече во новиот состав на парламентот нема место за оние кои се плашат да зборуваат против странските непријатели.

„Изборите ќе ги неутрализираат американските лоши намери“, рече Хамнеи, објави државната телевизија, пренесе Ројтерс.

Тензиите меѓу Иран и Соединетите Држави се големи уште од 2018 година кога Доналд Трамп реши да се повлече од нуклеарниот договор на Техеран и светските сили од 2015 година и воведе санкции што ѝ наштетија на иранската економија.

Во знак на одмазда, Иран постепено се повлече од обврските предвидени со нуклеарниот договор. Техеран вели дека тоа би можело да се промени ако европските потписнички на договорот ги исполнат своите ветувања за заштита на иранската економија од американските казни.

„Ни треба силен парламент за да ги неутрализираме интригите на нашите непријатели“, рече Хамнеи.

Тој исто така рече дека одењето на гласање е „религиозна задача“.

„Денес, гласањето не е само револуционерна и национална одговорност, туку е и религиозна должност“, заклучи Хаменеи.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе