Ирански воени бродови опасно им се приближиле на американски бродови во Персискиот Залив (ФОТО+ВИДЕО)

Група од 11 бродови на морнарицата на иранската Исламска револуционерна гарда опасно им се приближиле на бродови на воената морнарица во Персискиот Залив, соопшти американската војска.

Според соопштението на американската војска, иранските бродови се приближиле на шест американски воени брода кои во тој момент во меѓународните води се поврзувале со воени хеликоптери.

Во еден момент биле само десетина метри оддалечени од еден од американските бродови.

Американската страна испратила неколку предупредувања преку радиоврска, сирени и уреди за создавање бучава и иранските бродови по еден час отпловиле.

„Опасните и провокативни потези на Иранската револуционерна гарда ја зголемија опасноста за грешка во пресметките и судир и не беа во согласност со меѓународно признатата Конвенција за меѓународни прописи за спречување судир на море“, се вели во соопштението на американската војска.

Иранските медиуми не јавија за инцидентот.

Тензиите меѓу Иран и САД повторно се разгореа на почетокот на годината по американското убиство на лидерот на иранската Револуционерна гарда генералот Касем Сулејмани во Ирак.

Иран возврати со ракетни напади врз повеќе бази на американската војска во Ирак, но без жртви.

На почетокот на април американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека Иран и неговите сојузници планираат таен напад врз американски цели во Ирак предупредувајќи дека, доколку биде извршен, ќе плати „многу висока цена“.

Во средата танкер кој пловел под знамето на Хонг Конг накратко бил задржан во Иран откако вооружени припадници на иранската гарда со брзи чамци го пренасочиле од рутата низ Оманскиот Залив во иранските територијални води.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе