Ирански танкери пловат кон Венецуела, пристигнува и воената морнарица (ВИДЕО)

Петте ирански танкери кои пловат кон Венецуела ќе добијат придружба од воената морнарица на таа земја, предупредија властите во Каракас, а пренесуваат светските агенции.

Screenshot

Одлуката следи набрзо откако американската влада објави дека ќе ги засили санкциите против режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Неговиот ривал Хуан Гуаидо тврди дека иранската нафта е платена со „крваво злато“.

На околу 350 километри од брегот на Венецуела иранските танкери ќе ги пречекаат венецуелски бродови и военото воздухопловство, истакна министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез, не објавувајќи, меѓутоа, кога бродовите, кои веќе пет дена се на море, ќе допловат.

„Спремни сме на сѐ“, кажа венецуелскиот лидер Мадуро, со што всушност е поставена сценографијата за уште еден бран тензии меѓу Венецуела и САД, по неодамнешниот обид за државен удар, кој го предводеа поранешни американски специјалци.

Иако Вашингтон отфрли каква било врска со истоварувањето на триесеттината вооружени лица на венецуелскиот брег, односите на двете земји со години се на раб на конфликт, пред сѐ поради тоа што Вашингтон со сета сила ја поддржува нелегитимната паралелна влада на Гуаидо.

Лидерот на опозицијата Гуаидо, кој по неуспешниот државен удар остана без повеќе советници, побара испораката на нафтата од Иран да се сопре, тврдејќи дека Мадуро го плаќа горивото со „крваво злато“ од рудник на југот на земјата.

Тој тврди и дека во последните недколку дена на аеродромот во Каракас слетале 17 ирански авиони, наведувајќи дека на тој начин можеби било доставено оружје за режимот на Мадуро.

Техеран пред два дена ги предупреди Американците дека ќе сносат сериозни последици доколку се обидат да го сопрат конвојот танкери кој плови кон Венецуела.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе