Ирански пратеник понуди 3 милиони долари за оној што ќе го убие Трамп

Ирански пратеник понуди три милиони американски долари награда за оној што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп и оцени дека Иран би ги избегнал заканите кога би поседувал нуклеарно оружје.

Тензиите растат пропорционално откако Трамп го повлече Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2018 година и повторно му наметна санкции на Техеран. Конфликтот ескалираше во низа одмазднички воени напади од двете страни.

„Во име на луѓето од покраината Керман, ќе платиме награда од 3 милиони долари во готово на оној кој ќе го убие Трамп“, изјави пратеникот Ахмад Хамзех пред 290 парламентарци, извести агенцијата ИСНА.

Тој не кажа дали наградата ја поддржуваат иранските верски лидери.

„Да имавме денес нуклеарно оружје, ќе бевме заштитени од закани... Нашиот план би требало да вклучува производство на ракети со долг дострел кои можат да носат неконвенционални боеви глави. Ова е наше природно право“, кажа тој.

Нуклеарниот договор од 2015 година (ЈЦПОА), кој Иран го договори со Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД, требаше да овозможи развој само на цивилната нуклеарна програма, а да го оневозможи развојот на воената програма.

Откако Соединетите Држави се повлекоа од договорт и ги обновија санкциите, Иран почна да ги намалува своите обврски од договорот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе