Ирански министер за нафта: Откриеното нафтено поле е второ по големина во земјата

Откриеното нафтено поле во југозападен Иран е второ по големина во земјата, соопшти денеска иранскиот министер за нафта Биџан Зангане, се вели на веб-страницата на министерството СХАНА, пренесе Ројтерс.

Проценето е дека нафтеното поле Намаваран содржи 53 милијарди барели нафта, рече Зангане.

Истражувањето на нафтеното поле започна во 2016 година, со претходно откриени 31 милијарди барели нафта, а последователно биле утврдени дополнителни 22 милијарди, рече Зангане.

Иран ќе може да произведе околу 2,2 милијарди барели нафта повеќе ако просечната стапка на обновување на резервите е 10 проценти, рече Зангане.

Постои можност нафтеното поле да биде проширено во југозападен и југоисточен правец, додаде тој.

Иран се рангира на четврто место според светските резерви на нафта и втор сопственик на резерви на гас, според Американската администрација за енергетски податоци (ЕИА).

Во јануари 2018 година е проценето дека Иран има 157 милијарди барели на докажани резерви на сурова нафта, се наведува на веб-страницата на ЕИА.

По повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор со светските сили од 2015 година, Соединетите држави ги вратија санкциите за да ја задушат нивната витална нафтена трговија.

Откритието на нафтеното поле може да ги зголеми иранските резерви на нафта за една третина, рече во неделата иранскиот премиер Хасан Рохани.

Локалитетот е широк 2400 км2, длабок 80 метри, а се протега од „Бостан до Омидија“, два града во југозападната иранска провинција Хузестан.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе