Ирански министер за надворешни работи: Франција го одржува нуклеарниот договор во живот

Иран ги поздрави напорите на Франција за зачувување на нуклеарниот договор од 2015 година, изјави иранскиот министер за надворешни работи откако главниот дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон го посети Техеран на разговори за олеснување на кризата.

Иран се закани дека повторно ќе ги активира деактивираните центрифуги и ќе го зајакне збогатувањето на ураниумот на 20 отсто во потег со кој уште повеќе ќе се дистанцира од меѓународниот нуклеарен договор.

Техеран ги притиска европските потписници на договорот да го заштитат Иран од американските санкции, кои Вашингтон повторно ги наметна кога излезе од договорот минатата година.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека портпаролот на министерството за надворешни работи Абас Мусави „ја поздрави француската улога во намалувањето на тензиите и спроведувањето на договорот“.

„Французите се дел од напорите за одржување на нуклеарниот договор во живот“, рече Мусави за време на посетата на Емануел Бон, главниот дипломатски советник на Макрон.

Бон пристигна во посета на Иран за да се состане со иранските претставници во екот на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон.

Неговата мисија е да ги започне разговорите за „да се избегне неконтролирана ескалација, па дури и несреќа“, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, пренесе АФП.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе одржи специјален состанок за Иран во попладневните часови во Виена.

Состанокот е свикан од страна на САД, кои вршат огромен притисок врз Иран, откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор.

Иран објави дека намерно прекршил два клучни аспекти од договорот како одговор на санкциите што повторно ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе