Ирански министер: Нашиот танкер запленет во Саудиска Арабија е пуштен

Иранскиот танкер запленет од Саудиска Арабија е ослободен и се враќа кон Исламската Република, рече денеска ирански министер.

Државните медиуми јавуваат дека станува збор за танкерот Хепинес, и дека е ослободен по речиси три месеци.

Танкерот „Хепинес 1“ по преговорите е ослободен и сега се движи кон водите на Персискиот Залив, рече министерот за транспорт, Мохамед Еслами, објави државната новинска агенција ИРНА.

Медиумите пренесоа дека тој паднал во рацете на Саудијците откако му се расипал моторот и бил принуден да влезе во саудиското пристаниште Џеда.

Саудиските власти рекоа дека добиле повик за тревога од „Хепинес“ поради „дефект на моторот и губење контрола“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе