Ирански министер: Нашата нафтена индустрија нема да потклекне пред американските санкции

Иранската нафтена индустрија нема да потклекне под притисокот на санкции кои ги воведоа САД, кажа денес иранскиот министер за нафтена индустрија Биџан Занганех сигналирајќи му на Вашингтон дека преговорите за нормализација на односите нема да бидат лесни.

EPA-EFE

Тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран се засилија откако американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно му воведе санкции на Иран кои ја ослабеа економијата.

Проширени санкции во октомври

Во октомври, санкциите беа проширени на министерството за нафта и други правни лица, а министерот за нафта беше ставен на црната листа на американското министерство за финансии.

„Ниту се плашиме од санкциите ниту тие влијаат врз нашата работа, само ја зацврстуваат нашата решителност да му служиме на нашиот народ“, кажа Занганех.

„Тие санкции се своевидна одмазда. САД повеќе немаат што да санкционираат, му остана веројатно само услужниот сектор, луѓето кои работата во кујна“, кажа иранскиот министер.

Бајден најави враќање на САД во договорот

Трамп на тукушто завршените избори претрпе пораз, а неговиот наследник во Белата куќа, демократот Џо Бајден, најави враќање на САД во договорот што, како што кажа, би требало да биде „почетна точка за преговори“.

Бајден беше потпретседател во мандатот на Барак Обама кога договорот за иранската нуклеарна програма беше склучен. Неговиот претседателски мандат почнува на 20 јануари 2021.

Техеран на „максималниот притисок“ на Вашингтон одговори со постапно отфрлање на обврските кои произлегуваат од договорот. Порача дека е сепак спремен повторно целосно да ги почитува доколку неговите интереси се уважени.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави вчера дека кабинетот на новиот американски претседател би требало да ја искористи шансата и да ја надомести штетата што ја предизвикаа Трамповите грешки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе